На 25 јануари Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше Проески

143

На 25 јануари во спомен куќата „Тодор Проески“ ќе се одбележи уште еден роденден на големата музичка ѕвезда Тоше Проески со настап на македонската пејачка и пријателка на Тоше Елена Ристеска.

Настанот ќе започне во 11,30 часот во спомен куќата „Тодор Проески“, а освен настапот на Елена Ристеска локалната самоуправа заедно со спомен куќата „Тодор Проески“, Меѓународната фондација Тоше Проески, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“ ќе прикажат и друг тип на содржини во чест на Тоше.

Во 12 часот започнува манифестацијата во спомен куќата „Тодор Проески“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...