На 108 јавни објекти се поставени фотоволтаици

Вкупната заштеда на средства за сите 108 објекти годишно може да изнесува околу 190.000 евра.

200

Во 36 општини со поддршка на ЕУ и Светската Банка инсталирани се фотоволтаични системи на 108 јавни објекти при што се смета на годишна заштеда од 190.000 евра, соопшти владата.

„Фотоволтаичните системи се поставени на објекти на вкупно 68 училишта, од кои 11 за средно и 57 за основно образование. Од нив, 58 фотоволтаични системи се поставени на училишните згради и 10 на спортските сали при училиштата. Шест фотоволтаични системи се поставени на детски градинки, 18 на општинско-административни објекти, 2 системи на домови на култура, 3 на спортски општински сали и по 1 фотоволтаичен систем e поставен на здравствен дом, територијална единица за противпожарна заштита и тренинг центар“, информира владата.

 

За намалување на трошоците за електрична енергија кај јавните субјекти инсталирани се 3 фотоволтаични системи на пречистителни станици за отпадни води и тоа во Берово, Кичево и Македонски Брод, како и 4 системи на фабрики за вода за водоснабдителен систем (Штип, Струга-Шум, Гостивар и Тетово) и една пумпна станица за водоводен систем во Карбинци.

Пресметките говорат дека кај ваквите објекти, каде што корисникот работи 24 часа и е голем потрошувач, заштедите во потрошена електрична енергија може да изнесуваат од 28 до 82%, или 45% во просек месечно, односно 1.000 евра по објект за месец. Кај осумте вакви објекти со вградени фотоволтаични системи, заштедата годишно може да изнесува 96.000 евра.

Во јавните објекти од типот на општински-административни згради, училишта, градинки културни домови и слично (мали потрошувачи), заштедите во потрошена електрична енергија месечно може да изнесуваат од 20-76% (просечно 45%) што изнесува 80 евра по објект месечно. На 100 вакви објекти вградени се фотоволтаични системи и заштедата кај нив годишно може да изнесува 96.000 евра.

Вкупната заштеда на средства за сите 108 објекти годишно може да изнесува околу 190.000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...