На 106. роденден открила дека тајната на долгиот живот има врска со мажите

609

Бабичка која неодамна го прослави 106-тиот роденден вели дека тајната на долгиот живот е во избегнување на мажите и стресот кој ги следи врските. Меделин Дај родена е во ист ден кога потонал „Титаник“.

Нејзиното прво излегување во паб било на прославата на 90. роденден, а самостојно живеела до 103. година кога незгодно паднала. 106. роденден Меделин го прославила во дом за стари лица со 28 роднини во април годинава.

– Кога некој ќе ја праша за нејзиното минато и дали имала сопруг, тетка ми само одговара дека никогаш немала маж и дека затоа доживеала длабока старост – вели 80-годишна роднина на Меделин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...