На Јутјуб се појави нова песна на починатиот шведски ди-џеј Авичи, со наслов „SOS“, којашто е дел од постхумниот албум, најавен за 6 јуни годинава.
Песната е преслушана над 900.000 пати, а под видеото љубителите не престануваат да оставаат емотивни пораки за прерано починатиот музичар. Всушност, и самото видео е составено од коментари на обожаватели.
Вокалот е на Алое Блак, со кој Авичи соработуваше и во својот можеби најголем хит – „Wake Me Up“.
Ди-џејот лани си го одзеде својот живот во Оман.
ФОТО: EPA / JASON SZENES