Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјавил дека било интересно да се слушаат американскиот и рускиот претседател на ручекот во неделата во Елисејската палата.
Тие присуствуваа на церемонијата на одбележувањето 100 години од завршувањето на Првата светска војна, а по тој повод францускиот претседател Емануел Макрон приреди свечен ручек во Елисејската палата.
Јункер, кој седел до рускиот претседател, а спроти него седел Трамп, изјавил: „Беше интересно да ги слушам нив двајца“, пренел бриселскиот весник „Политико“.
Според Јункер, трговските разговори во јули со американскиот претседател Доналд Трамп “не биле забавни“.
Разговорите, кои траеле шест часа, според Јункер биле прилично остри од време на време.
„Не беше забавно, но затоа немаме трговска војна меѓу САД и Европа“, навел Јункер.
Тој изјавил дека „заговара трансатлантски односи“, бидејќи како што нагласил „не можеле да направат толку многу работ во Европа без активна поддршка од САД“.
– ЕУ „работи на сите нивоа“ да избегне пораст на трговската напнатост со САД, додал Јункер.