На Филолошки факултет ќе се одбележи Неделата на италијанскиот јазик

280

Арс студио во соработка со Здружението на професори по италијански јазик, Италијанската амбасада во Република Македонија, Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Guerra Edizioni и оваа година организираат настан во чест на Неделата на италијанскиот јазик.

На настанот, свое обраќање ќе имаат врвни домашни и странски професори од областа на италијанскиот јазик, како Ана Комоди од Универзитет за странци во Перуџа и Александра Саржоска, раководител на Катедра за италијански јазик и книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“.

Исто така, ќе има и меѓународeн семинар за обука на професори по италијански јазик на кој ќе се зборува за насоки за користење на учебниците по италијански јазик “Ragazzi in rete“.

Настанот ќе се одржи на 19.10.2018 (петок) од 11 часот, во Мултимедијалниот центар на Катедрата за италијански јазик и книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...