Студот целосно го замрзна и езерцето во Градскиот парк во Скопје.
Ниските температури, како што утрово најавија метеоролозите, ќе се спуштаат и до минус пет и вечерва, а макисмалната дневна ќе достигне 13 степени.
Во понеделник, особено во претпладневните часови ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Во следните денови до четврток ќе има услови за повремени врнежи, претежно во западните делови, а ќе дува и умерен ветер од западен и северозападен правец.