На Трамп не му треба договор со Кина пред изборите во 2020

78

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека не е неопходно да се постигне трговски договор со Кина пред претседателските избори во САД во 2020 година.

– Сакаме целосен договор, не сум заинтересиран за делумен договор – рече Трамп на заедничката прес-конференција со австралискиот премиер Скот Морисон.

– Мислам дека не ми треба (договорот) пред изборите – додаде американскиот претседател.

Кина и САД од јануари преговараат за договор за прекинување на трговската војна започна минатата година, што резултираше со реципрочни царински давачки во вредност од стотици милијарди долари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...