На Танц Фест премиера на претставата „Егзистирање“

221

Фестивалот Танц Фест ја продолжува програмата во која, утре во 20 часот во Дансинг салата на МКЦ ќе биде изведена претставата „Егсистирање“ на Скопје танцовиот театар.

Претставата се состои од три кратки кореографии и тоа: „What happened to …self?“ на Јкуб Мунко, „БЕЗ Стоп“ на Матеа Киселичка и „Егзистирање“ на Рисима Рисимкин.
Трите кореографии се обединети околу темата на егзистирање и кои се предизвиците денес, посебно за младите луѓе: Кој си, што си, како се снаоѓаш во секјдневните гужви, притисоци? Каде си?

Во претставата настапуваат танчерите Јована Зајкова, Сара Цветковска, Тереза Лазарев, Артемиса Морина и Бобан Русески, кои се всушност подмладокот на Скопје танцовиот теаатр.

Претстава на 16 април ќе се одигра на сцената на Народниот театар во Велес, а на 19 април ќе ја отвори платформата на девет европски танцови академии и универзитети, насловена како „Share“ во која ќе учествуваат преку сто малди уметници од Австрија, Словачка, Полска, Латвија, Литванија, Унгарија, Чешка и Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...