Во киното „Фросина“ во рамки на Скопје филм фестивал, синоќа, беше прикажан францускиот филм „Ава“, кој доживеа голем успех, бидејќи освен на Канскиот филмски фестивал, досега е поканет да учествува на над 50 филмски фестивали. Се работи за дебитантски филм кој е приказна за женското созревање на едно 13-годишно девојче што заради болест го губи видот.
По проекцијата, режисерката Леа Мисиус, продуцентката Фани Ивонет и сценографката Естер Мисиус одговараа на прашања од публиката.
– Сценариото за „Ава“ го пишував за мојата дипломска работа и на почетокот не знаев како ќе се развие до крај приказната. Таа е трагична, бидејќи девојката го губи видот, но има и многу хумористични моменти. Исто така, иако таа го губи видот, ги развива сите други сетила, нејзиното тело и нејзините копнежи се будат и токму поради тоа мислам дека овој филм е повеќе за животот, отколку за смртта. Мојата идеја во овој филм не беше да зборувам за феминизам, иако главниот лик е жена и во конкретниов случај, остварувањето на своите копнежи и страст таа ги пронаоѓа во еден маж, во кој има доверба и на некој начин, ќе ја спаси – рече Мисиус.
Низ разговорот се откриваше повеќеслојноста на филмот, во кој се зборува и за односот мајка-ќерка, а прикажан е и односот кон ромската заедница во Франција.
– Ликот на мајката го градев по углед на мојата мајка, која не е традиционална, таа е слободна, додека нејзината ќерка Ава е поконзервативна. Сепак, на крајот, воспитувањето на нејзината мајка, ќе ѝ помогне на Ава да ја пронајде својата страст рече режисерката.
Филмот е снимен на 35 мм лента што, како што рече режисерката, било од естетски причини. Тој има и политичка порака.
– Полицајците што се појавуваат во филмот се помалку нереални, како да не постојат. Додека го снимавме филмот се одржуваа парламентарните избори, на кои Ромите, кои во нашата држава се сметаат за странци, гласаа за десницата, затоа сметав дека е важно филмот да го вкоренам во денешницата, а ликот на девојчето е и метафора на загриженоста за она што се случува во нашата земја рече Мисиус.
Продуцентката Фани Ивонет кажа дека филмот иако дебитантски, учествувал на околу 60 филмски фестивали, што и за авторите бил неочекуван успех.
Вечерва (недела 22 април) по проекцијата на францускиот филм „Скришно“ (19 часот, кино Фросина) ќе се одржи разговор со публиката на режисерот Кристоф Режин.
Програма за понеделник 23 април:
Кино Милениум:
17:00h
ЗАДЕН ПРОЗОРЕЦ /REAR WINDOW (1954)
Режија: Alfred Hitchcock
Улоги: James Stewart, Grace Kelly, Wendell Corey
United States, 112 min.
19:00h
ВИДИ ЈА ТИ НЕА/WOULD YOU LOOK AT HER(2017) / Режија: Goran Stolevski, Macedonia, 19 min.
ПОСЛЕДНИТЕ КАМБАНИ/ THE LAST CHURCH BELLS (2017) / Режија: Nikolce Popovski, Macedonia, 13 min.
ДРУГИОТ/THE OTHER (2017) / Режија: Batuhan Ibrahim, Macedonia, 9 min.
БЛАГОСЛОВЕНА/BLESSED (2016) / Режија: Miliana Lenak, Macedonia/Czech Republic, 21 min.
ВОДАТА/THE WATER (2018) / Режија: Kiril Karakash, Svetislav Podleshanov Macedonia /Albania/Mexico, 9 min.
МИШКО/MISHKO (2018) / Режија: Hanis Bagashov, Macedonia, 17 min.
21:00h
СЕ ГЛЕДАМЕ ТАМУ ГОРЕ /SEE YOU UP THERE (2017) / Режија: Albert Dupontel / Улоги: Albert Dupontel, Nahuel / PérezBiscayart, Laurent Lafitte / France, 117 min.
Кино Фросина:
17:00h
МАКЕДОНСКИОТ ДОН КИХОТ /MACEDONIAN DON QUIXOTE (2017) / Режија: Konstantin Plevnesh / Macedonia, 40 min.
19:00h
КВИР РАБОТИЛНИЦА /QUEER WORKSHOP
Кусо воведно предавање, дискусија и промоција на книгата
„За засрамените геј мажи“ (Ендру Хоџс и Дејвид Хатер) со Жоао Флоренсио, Станимир Панајотов и Александар Ковачевски
22:00h
ОДМОР / HOLIDAY (2018) / Режија: Isabella Eklöf / Улоги: Victoria Carmen Sonne, Lai Yde, Thijs Römer / Denmark/Netherlands/ Sweden, 90 min.