Пратеникот од Српска листа, Игор Симиќ изјави денеска дека барикадите се повлечени од општината Зубин Поток, по апелот на српскиот претседател, но според него се уште се чувствуваат тензии.
– Тоа што се случи на нашата испружена рака за мир, беа долги цевки на луѓе со фантомки што предизвика нервоза кај граѓаните во општина Зубин Поток – изјави тој за РТС.
Симиќ истакна дека е побарана реакција од Белград и заштита на граѓаните и имотот.
– Се плашам дека по вчерашниот настан таквите ситуации може да бидат искра за многу полоши состојби отколку вчера и многу полоша реакција на граѓани кои сакаат да заштитат својата слобода и мир изградени во овие 19 години на север во Косово – нагласи Симиќ.
ФОТО: Твитер