На Салвини да му се суди поради мигрантите, бара Специјалниот трибунал

184

Специјален трибунал денеска препорача да му се суди на поранешниот министер за внатрешни работи на Италија и лидер на крајнодесничарската Лига Матео Салвини бидејќи, на негово барање, во јули десетици мигранти биле држени на брод на крајбрежна стража и не им било дозволено да се истоварат на копно.

Судии од Сицилија побараа одобрување од Парламентот да ја продолжат истрагата за Салвини поради наводно киднапирање мигранти, посочувајќи дека ги злоупотребил своите овластувања и лишил од слобода 13 лица.

„Под истрага затоа што ја бранев безбедноста, границите и достоинството на мојата земја, неверојатно“, напиша Салвини во соопштение, при што истрагата ја оквалификува како „срамна“.

Салвини во јули, додека беше министер за внатрепни работи, нареди мигранти, вклучувајќи и деца, да останат на бродот на италијанската крајбрежна стража „Грегорети“ се додека европските земји не се согласија да прифатат поголем дел од нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...