Вкупно 39 полицајци и 30 демонстранти беа повредени доцна синоќа во Тбилиси по немирите што избија на протестот пред Парламентот, во кој зборуваше руски пратеник, соопштија денеска грузиските власти.
Неколку илјади луѓе се обидоа да влезат во Парламентот, но полицијата интервенираше со фрлање солзавец кон демонстрантите, кои протестираа поради обраќањето на рускиот пратеник Сергеј Гаврил во рамки на годишниот состанок на меѓупарламентарното собрание за православието, форум на парламентарци од главно православни земји.
Демонстрантите побараа оставка од претседателот на Парламентот Ираклиј Кобахидзе, бидејќи го прими рускиот пратеник.
Присуството на рускиот пратеник предизвика протести во Грузија, која водеше војна со Русија во 2008 година.
Грузија и Русија водеа кратка војна во август 2008 година околу грузиските отцепени региони Абхазија и Јужна Осетија.Грузија ја загуби таа војна, а Абхазија и Јужна Осетија прогласија независност.