На првиот секс чекаа до бракот, а сега Миранда и милијардерот го чекаат второто дете

Познатите сопружници имале несекојдневна пракса пред бракот - на првиот заеднички секс чекале сè до венчавката. 

456

Манекенката Миранда Кер и нејзиниот втор сопруг, милијардерот Иван Шпигел чекаат второ дете. Миранда и Иван, основачот на Снепчет, чие богатство се проценува на 2,5 милијарди долари, во мај лани го добија синот Харт, речеси една година по венчавката.

Миранда ја соопштила среќната вест на Инстаграм. Многумина биле изненадени, бидејќи од второто породување до третата бременост поминало кратко време, а покрај тоа Миранда, судејќи по нејзиниот стомак, раѓањето на третото бебе го чека веќе за неколку месеци.

Манекенката и нејзиниот седум години помлад сопруг имаат многу брз ритам кога проширувањето на семејството во прашање. А, што би се рекло двајцата до вчера живееле во целибат. Познатите сопружници имале несекојдневна пракса пред бракот – на првиот заеднички секс чекале сè до венчавката.

Миранда Кер од 2010. до 2013 година беше во брак со британскиот актер Орландо Блум со кого го има синот Флин и со кого по разводот остана во одлични односи.

Блум сега се подготвува за венчавка со пејачката Кети Пери со која неодамна се сврши.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...