На повидок компримис меѓу Велика Британија и Ирска околу Брегзит

Џонсон се сретна со ирскиот колега во последен обид за заживување на британскиот предлог за Брегзит, за кој ЕУ кажа дека е далеку помалку од тоа што е потребно за договорено заминување  на Велика Британија, особено за прашањето на ирската граница, пренесоа денеска британските медиуми.

223

По средбата со британскиот премиер Борис Џонсон ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека постои можност двете страни да постогнат спогодба до крајот на октомври, пренесе Гардијан.

Варадкар и Џонсон се  сретнаа да видат дали можат да постигнат напредок во британските преговори со Европската Унија за британското напуштање на Унијата, пренесуваат агенциите.

Џонсон се сретна со ирскиот колега во последен обид за заживување на британскиот предлог за Брегзит, за кој ЕУ кажа дека е далеку помалку од тоа што е потребно за договорено заминување  на Велика Британија, особено за прашањето на ирската граница, пренесоа денеска британските медиуми.

– Овде сме, во Чешир, во Велика Британија, да разговараме за Брегзит. Се радувам на деталниот разговор за да видиме дали можеме да постигнеме напредок, напиша Варадкар на Твитер, на кој и постави фотографија од средбата.

Фото: EPA/NOEL MULLEN HANDOU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...