На Оскарите сепак ќе се изведуваат сите номинирани песни

142

По најавата дека на доделувањето на Оскарите ќе се изведат само две песни номинирани за најдобра филмска музика, американската Филмска академија сега има намера на свеченоста, сепак, да се изведуваат сите пет композиции, објави „Варајети“.

Претходно, планот беше да бидат изведени само „Shallow” од филмот „Ѕвездата е родена“ и „All the Stars” („Црниот пантер“). На својата Твитер страница пак, Академијата денеска објави дека вечерта гледачите ќе ги слушнат и „I’ll Fight” (од документарецот „РБГ”) во изведба на Џенифер Хадсон, како и „The Place Where the Lost Things Go” („Враќањето на Мери Попинс“) во изведба на изведувач кој треба да остане изненадување.

За петтата номинирана песна – „When a Cowboy Trades His Spurs for Wings” (од „Балада за Бастер Скрагс“), изведувачот, исто така, сѐ уште не се знае.

Настанот е закажан за 24 февруари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...