На оглас дадени 1.420 хектари државно земјодлеско земјиште

Парцелите се во: Штип, Гостивар, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Ресен, Свети Николе Валандово, Гази Баба, Кратово Берово и Струга

322

Сите домашни фирми и физички лицак као и странси фирми од денеска па следните 30 дена ќе можат да конкурираат за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, со површини над три хектари.

Министерството за земјодлество огласи 23 најатрактивни парцели во 13 региони во државата со површина односно површина од над 1.420 хектари државно слободно земјоделско земјиште.

Парцелите се во: Штип, Гостивар, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Ресен, Свети Николе Валандово, Гази Баба, Кратово Берово и Струга.

Освен подигани насади е наменет за инвестиции во земјоделството и руралниот развој.

– Освен примарно производтво ќе треба да поднесат бизнис план за инвестиција. Ако конкурира за нлозов насад ќе треба да инвестира во изградбва на винарија.Или конкретно освен за долгогодишни насади е наменет за инвестирање во преработувачки капацитети -рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски на денешната прес конференција.

Ова, како што рече министерот, било барање и интерес на агробиснис заедницата има интерес за ваков вид инвестиции, а со цел отворање нови работни места и економски развој на регионите.

Огласот ќе се реализира преку електронско јавно наддавање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...