Само „Визер“ доставила понуда за нови дестинации од Скопскиот и Охридскиот регион на повикот за субвенционирање авиокомпании, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Јавно отворање на понудите се одржа денеска во 12 часот.
– До 12 часот, до кога беше крајниот рок, понуда достави само една компанија, „Визер“. Во следниот период Комисијата ќе изврши евалуација на понудата за да утврди дали поднесената документација одговара со условите и барањата на тендерот, велат од Министерството.