На неофашистички издавач му е забрането појавување на Саемот на книги во Торино
Саемот на книги во Торино забрани појавување на италјански издавач поврзан со неонацистичка група по жалба на музејот Аушвиц-Биркенау и на 89-годишна поетеса, која го преживеала Холокаустот.
Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, ја цитираше преживеаната поетеса Халина Биренбаум, која вели оти ова е уште еден доказ за неа дека злото нема да победи.
Биренбаум и музејот Аушвиц-Биркенау се заканија дека ќе го бојкотираат настанот ако се вклучи и издавачката куќа Алтафорте.
Директорот на издавачката куќа Франческо Полаки е близок до неофашистичката партија Каса Паунд и се прогласи за фашист.
Тој го фалеше покојниот диктатор Бенито Мусолини и рече дека „антифашизмот е вистинско зло во оваа земја”.
Полаки истакна дека ќе се бори за да учествува на саемот.