На Месечината пронајден мраз!

Објавените фотографии, како што наведува магазинот, се „директен и дефинитивен доказ“ за замрзната вода.

113

Астронимите пронашле директни докази за постоење на мраз кој настанал од течна вода на површината на Месечината, се наведува во официјалниот весник на Американската академија на науките.

Тоа, како што наведува „Гардијан“, еден ден би можело да послужи како извор на вода за можните идни посетители од Земјата или за евентуално формирање колонија на Месечината.

Мразот, инаку, е откриен на јужниот и северниот пол на Месечината, во деловите кои главно се заштитени од директна Сончева светлина.

Објавените фотографии, како што наведува магазинот, се „директен и дефинитивен доказ“ за замрзната вода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...