На мажите под 50 години пушењето им го зголемува ризикот од мозочен удар

85

Според Универзитетот на Мериленд, мажите под 50-годишна возраст – колку повеќе пушат, толку повеќе се зголемува опасноста од мозочен удар кај нив.

Во ново истражување учествувале две групи. Првата била составена од 615 мажи на возраст меѓу 15 и 49 години, кои доживеале удар, а другата од 530 мажи кои не претрпеле такво нешто. Резултатите посочуваат дека мажите под 50 години, кои пушат, има 88 отсто поголеми шанси да добијат мозочен удар.

Кај мажите кои пушат помалку од 11 цигари дневно, има 46 отсто поголема веројатност да претрпат удар, од оние што никогаш не пушат.

Најстраствените пушачи, пак, кои пушат барем две кутии цигари на ден, имаат речиси петпати поголема веројатност да добијат мозочен удар, од непушачите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...