Ѕвездата на Гранд, Дарко Лазиќ поради возење во алкохолизирана состојба, насилно возење, без појас, без дозвола и слично, го очекува огромна парична казна, како и затворска, пренесува српски „Курир“.
Поради измените на законот за сообраќајна безбедност во Србија, кои биле усвоени во март оваа година, одредени биле строги казни за насилно возење.
Штом пејачот се разбудил од кома, сообраќаен полицаец го посетил за да му земе изјава. Му биле дадени само две минути за да разговара со Лазиќ.
Тој рекол дека на несреќата се сеќава како во магла и дека не му е јасно како дошол до таква состојба.
ФОТО: Дамир Дервишагиќ / српски „Курир“