На Кипар температурата се спуштила од 20 на 5 степени Целзиусови (ВИДЕО)

Големо невреме, проследено со град и драстично намалување на температурата од 20 на 5 степени Целзиусови, вчера го погоди планинскиот венец Тродос на Кипар.

612

Големо невреме, проследено со град и драстично намалување на температурата од 20 на 5 степени Целзиусови, вчера го погоди планинскиот венец Тродос на Кипар.

Видео од невремето објавено на фејсбук страницата на Severe Weather Europe покажува временски услови неверојатни за ова време од годината, јавуваат локалните медиуми.

Градот со големина на орев, за само неколку минути создал слој од мраз со дебелина од седум сантиметри.

Невремето, како што изјавиле земјоделците, ја уништило годинашната жетва, додека пак овоштарниците се уништени на само неколку дена пред бербата на зрелите плодови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...