Фронтменот на американскиот метал бенд „Мегадет“, Дејв Мастејн, изјави дека му бил дијагностициран рак на грлото.
Пејачот и гитарист ја сподели веста на социјалните мрежи. Тој напишал дека соработува со докторите, со кои направиле план за лекување и се надева дека има 90 отсто шанса за успех. Третманот на музичарот е веќе почнат.
Поради здравствениот проблем на Мастејн, групата беше принудена да откаже голем дел од нејзините концерти.
Сепак, тој и неговите колеги продолжуваат да работат на новиот албум. Последниот албум беше издаден во 2016 година „Дистопија“, а награден со „Греми“ во 2017 година.
Фото: EPA/AXEL HEIMKEN