На грчките острови има над 42 илјади бегалци и мигранти

127

Во првите два месеца од годинава, на грчките острови пристигнале 5.190 бегалци и мигранти, во прифатните центри на островите има во просек 6,2 отсто пренатрупаност.

Тоа е најизразено на Самос, каде што има 11,7 проценти повеќе бегалци и мигранти од предвидениот капацитет, вкупниот број бегалци и мигранти на островите изнесува 42.033, а во Грција постојат над 87 илјади неразгледани барања за азил, додека пак бројот на враќања во Турција за периодот јануари – февруари 2020 е тројно зголемен споредбено со истиот период лани, се дел од заклучоците во извештајот од Министерството за миграција и азил на Грција во однос на ситуацијата со бегалците и мигратните во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во минатиот месец се забележува намалување за 38 отсто на пристигнувањата на островите, кога биле регистрирани 2072 бегалци и мигранти, наспроти 3118 во јануари, а во првите два месеци од годинава, преку копнената граница со Турција, кај Еврос, во Грција влегле 1661 лице.

Наспроти 5190 нови пристигнувања од почетокот на годинава, 6.174 лица, од островите биле пренесени во другите делови на Грција. А од втората половина на 2019 заклучно со крајот на февруари, имало 18 269 префрлувања.

Во однос на ситуацијата на грчките острови, заклучно со 27 февруари 2020, во и вон прифатните центри престојуваат 42 033 бегалци и мигранти, од кои најголемиот број, е на Лезбос, односно 19 333 лица.

На Самос, во центар со капацитет од 648 места, сместени се 7537 лица, односно 11,7 проценти повеќе од предвиденото.

Согласни извештајот од Министерството за миграција и азил на Грција, за периодот јануари – февруари 2020, во Турција биле вратени 116 лица, наспроти 195 во текот на целата 2019 година.

На први јануари 2020, во Грција имало 87 461 неразгледано барање за азил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...