На Германија ѝ се заканува недостиг од 4,9 милиони работници

До крајот на следната деценија на Германија би можело да и недостасуваат 4,9 милиони работници, а овој недостаток би ја чинел германската економија 525 милијарди евра.

339

До крајот на следната деценија на Германија би можело да ѝ недостасуваат 4,9 милиони работници, а овој недостаток би ја чинел германската економија 525 милијарди евра, се наведува во студијата на консултанската компанија Корн/Фери.

– Најголема штета од недостигот на работна сила би можеле да претрпат компаниите во услужниот сектор, вклучувајќи го и финансискиот, каде до 2030 година би можело да недостасуваат 1,2 милиони работници, покажуваат резултатите од истражувањето.

Исто така, ќе биде погодена и машинската индустрија, која е главна извозна гранка на Германија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...