По рзаводот од Бред Пит, Анџелина Џоли во целост се посветила на децата и нивното воспитување. Секој слободен момент актерката го користи за да го помине со нив во прошетка, пазарење, излегувања или пак, дома. Од 2015. па се досега Анџелина не се одвојувала од нив, но поради новиот проект кој го работи во Ново Мексико децата ќе мора да ги остави кај поранешниот сопруг.
Нејзини блиски пријатели тврдат дека актерката со тешка мака се подготвува за заминување и дека тешко и паѓа фактот дека ќе бидат разделени.