На актерката ѝ се закануваат 40 години затвор, а реакцијата на ќерка ѝ е шокантна

Извор за „ЈуЕс викли“ тврди дека Лори Лахлин дури сега станала свесна за сериозноста на ситуацијата.

877

Скандалот врзан за семејството Лахлин-Џанули веќе со недели наназад ги полни страниците на странските медиуми, а развојот на ситуацијата не оди поволно за младата инфлуенсерка Оливија Џејд.

Актерката Лори Лахлин и нејзиниот сопруг, дизајнерот Масимо Џанули, се разоткриени поради фалсификувањето на документацијата која била неопходна за нивната 19-годишна ќерка да се запише на еден престижен универзитет.

Оливија истакнала дека била принудена на тоа поради преголемите амбиции на славните родители, и дека тие ѝ го „упропастиле животот“ со тоа што по секоја цена сакале таа да добие диплома иако веќе со години наназад заработувала големи суми како влијателна личност на социјалните мрежи.

Иако тврди дека ништо не знаела за подмитувањето, Оливија се тргнала од социјалните мрежи кога било откриено дека нејзините родители дале 500.000 долари за да го замаскираат фактот дека таа и нејзината сестра ги немаат потребните квалификации за универзитет.

По скандалот, рекла Оливија, еден по еден од престижните брендови што ги рекламирала ѝ ги откажале милионските доогвори кои ги имале со неа.

Извор за „ЈуЕс викли“ тврди дека нејзината мајка Лори дури сега станала свесна за сериозноста на ситуацијата, бидејќи постои можност таа и сопругот да завршат зад решетки и тоа на 40 години.

ФОТО: Скриншот/Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...