Во Берлин минатата година најмногу машки деца го добиле името Мохамед, покажува статистиката на Општество за германски јазик, кое секоја година објавува листа на имиња, кои најчесто им биле давани на новороденчињата во Германија.
– Од вкупно 22.177 момчиња родени во Берлин во 2018 година, точно 280 го добиле името Мохамед, вели д-р Андреа-Ева Евелс, управен директор на Општество за германски јазик.
Тоа име го има често и во Бремен. Името Мохамед е на второ место зад Бен и пред Елиас.
Според Евелс, на второ место во Берлин е името Луис, кое им било дадено на вкупно 244 момчиња, а трето најпопуларно име е Емил, кое го добиле 234 новороденчиња.
На врвот на листата на најпопуларни имиња на бебиња за 2018 година во Германија, кај девојчињата е Мари (2,6 отсто), додека кај момчињата Паул (1,32 проценти).