Најубавата јахта во светот во албанскиот град за богаташи

Најјужнот албански прморски град Саранда, кого го нарекуваат  албански бисер, станува се поатрактивна дестинација за богатите туристи.

359
ФОТО: МИА

Јахтата „Црн бисер“, која важи за најубава во светот, пристигна во албанскиот приморски град Саранда.

Таа плови под знамето на Исланд, а сега во Саранда пристигнала од Кипар, во турстичка посета, но и за набавка на гориво.

Со своите 106 метри, „Црн бисер“ е најголема јахта во светот. Таа е произведен во 2016 година во Холандија за рускиот бизнисмен Олег Бурлаков. Јахтата, која има шест кабини, чини 200 милиони долари.

Најјужнот албански прморски град Саранда, кого го нарекуваат  албански бисер, станува се поатрактивна дестинација за богатите туристи.

На крајот на јули во градот пристигна и најголемата јахта со едра на светот „А“ на рускиот милијардер Андреј Мељниченко. Вредноста на оваа јахта е 420 милиони евра. Таа е долга 142,8 метри и има три јарболи за едра високи по 90 метри.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...