Најубавата жена во Холивуд откри една мала тајна

1557

Актерката и една од најпосакуваните жени во Холивуд Маргот Роби признала дека пријателите и порачале да се држи подалеку од кујната.

Актерството и оди совршено, но сепак не се снаоѓа баш најдобро во готвењето.

Оваа 28 годишна русокоса за USA Today раскажала како поминала минатогодишната гозба за Денот на благодарноста кога таа била задолжена да го подготви слаткиот компир за ручек.

„Секунди фалеа се да се запали“ – открила симпатичната Маргот.

„Секоја година правиме распоред кој што ќе припрема за Денот на благодарноста. Сакав повторно да се пробам во подготвувањето на сладок компир“ – изјавила актерката и открила дека минатиот Божиќ имала незгода и со шунката.

„Навистина лошо се снаоѓам во кујната“ – признала актерката која пријателите ја ослободиле од тоа да подготвува било што во иднина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...