Жаклина Вучиќ од Никшиќ, е мис на Европа за годинава. Таа во септември е прогласена за најубава Европјанка, и по тој повод завчера била на гости кај претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.
– По освојувањето на титулата Мис Европа 2018 повикана сум на престижниот прием кај претседателот Мило Ѓукановиќ во знак на поддршка на млади и реализирани луѓе, што е голема чест за мене и моето семејство – вели Вуќиќ за ФОС.