Температурата на воздухот во Москва денеска се искачи на 8,5 степени Целзиусови, што е рекорд во последните 140 години, откако се мери температурата.
Претходниот рекорд е од 8 март 2014 година кога беа измерени 8,3 степени.
– Во текот на следните пет-шест дена се очекува слично време во Москва со температури од осум до 10 степени – изјави шефот на руската Метеоролошка агенција Роман Вилфанд.