Најстарата жена во Воливија, а веројатно и на светот, во петокот го прослави 118-от роденден. Таа е со добро здравје, објавиле властите на таа јужноамериканска држава.
Хулија Флорес родена е 1900 година во регионот Потоси на југот на земјата.
Позната како „Мама Хулија“, Флорес го прославила роденденот со членовите на семејството и со пријателите, а дошле да и честитаат и претставници на локалната власт.