Најпосле се огласи принцот Ендру за поврзувањето со педофилот милијардер Епстајн

Принцот Ендру за прв пат се огласил по смртта на Епстајн. Кажал дека тој го осудува секое искористување на човечко битие и дека навестувајќи дека тој би можел да одобрува, охрабрува или учествува во такво однесување, било одвратно.

1341
ФОТО: ЕПА

Напорите на британскиот принц Ендру да се дистанцира од осудениот педофил Џефри Епстајн, кој неодамна се уби во затворската ќелија, биле неуспешни, пренесуваат медиумите.

Напротив, се појавувале нови и нови докази дека синот на кралицата Елизабета со години се дружел со Епстајн во друштво на малолетнички.

Британските медиуми пренесуваат дека принцот Ендру дури и го пречекал педофилот милијардер во кралската резиденција и тоа додека таму била и самата кралица.

Наводно, девојка сведочела дека принцот организирал забава во средината на 1999 година, кога Епстајн плаќал малолетнички за да ги забавуваат богатите.

Претходно, на видео се гледало како принцот ја отвара вратата од вилата на Епстајн и поздравува непозната девојка. Тој дури и проверил дали можеби некој е сведок на средбата.

Видеото било снимено на 6 декември 2010 година, кога принцот бил во вилата на Епстајн, за која многу жртви ја нарекле „куќата на ужасот“.

Принцот Ендру за прв пат се огласил по смртта на Епстајн. Кажал дека тој го осудува секое искористување на човечко битие и дека навестувајќи дека тој би можел да одобрува, охрабрува или учествува во такво однесување, било одвратно.

Епстајн со години сексуално злоставувал малолетнички. Додека го чекал судењето, се обесил во затвор. Иако се појавија гласини дека во овој случај никако не може да станува збор за самоубиство, патологот ја потврди веста.

На листата на неговите клиенти и долгогодишни познаници биле многу познати светски личности, како на пример британскиот принц, но и поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон и сегашниот, Доналд Трамп.

ФОТО: ЕПА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...