Најпосетуваниот антички споменик во светот затворен поради штрајк

163

Најпосетениот антички споменик во светот, атинскиот Акропол, како и повеќе археолошки места во Грција се затворени за посетителите поради 24-часовниот штрајк, организиран од синдикатот на вработените во Министерството за култура.

Десетици туристи, не знаејќи за штрајкот, пристигнаа денеска пред Акропол.

Грчкиот синдикат, кој ги застапува вработените на древните локации во земјата и во државните музеи, тврди дека Владата не извршила попис на имотот во јавна сопственост, кој е предаден на Фондот за приватизација во текот на меѓународната програма за помош на Грција.

Грчкото Министерство за култура ги отфрли како неосновани тврдењата на синдикатот дека местата од историско и археолошко значење се вклучени во имотот, кој е под контрола на Фондот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...