Најпознатиот доктор на светот тврди: Појадокот е зло, дајте му го непријателот!
Кардиохирургот од Министерството за здравство на Руската Федерација тврди дека сето она што сме го знаеле за здравата исхрана е лага
Славниот руски кардиохирург Лео Бокерија ја побил идејата на традиционалната диета. Според него, сето она што сме го знаеле за здравата исхрана е лага.
„Изреката „Појадокот изедете го сами…“ е бесмислица. Кога ќе се разбудите, телото почнува да се навикнува на работната состојба, а вие седнувате на маса и јадете полна чинија месо, корпа леб и сето тоа го залевате со чаша некаква напивка… Тргнувате на работа со преполн стомак. Тогаш сте си тешки и самите на себе…
Кога соработувавме со Американците, забележав дека големите хирурзи наутро во најдобар случај пијат шолја кафе. Дури напладне јадат сендвич и тоа го нарекуваат ручек. Во вечерните часови доаѓаат дома, јадат нормална храна, пливаат во базен, читаат и одмораат…
Значи, појадокот дајте му го на непријателот, ручајте околу пладне и нормално вечерајте (но не во доцните часови) и на крај, прошетајте пред спиење или вежбајте.
Од мое искуство, луѓето кои живеат така, живеат долго и здраво!“
Овој совет на познатиот руски доктор го потврдиле и најновите истражувања спроведени на Универзитетот Корнел. Научникот Дејвид Левитски открил дека луѓето кои го прескокнуваат појадокот, значително ја намалуваат тежината за неколку недели. Оваа теорија ја потврдил со експеримент чија цел била да се одреди количината на храна што човекот ја внесува во организмот во текот на денот.
Половина од учесниците појадувале, а другата група го одбивале појадокот. Групата што го прескокнувала појадокот, внесувала 408 калории помалку дневно за разлика од групата што редовно појадувала.
Според овој научник, прескокнувањето на појадокот може да се смета за одличен начин на брзо губење килограми.
„Разбирам дека прескокнувањето на појадокот е спротивно на сето она што го знаете за здравата исхрана, но новите податоци нѐ тераат сериозно да размислиме дали да се откажеме од првиот утрински оброк. Секако, ова се однесува на здравите луѓе. Луѓето кои имаат проблеми со дијабетес и хипогликемија не смеат да прескокнуваат оброци за да го одржат нивото на гликоза“, открил Левитски.
Светската здравствена организација и понатаму тврди дека појадокот е најважниот оброк во денот и луѓето кои редовно појадуваат имаат уреден метаболизам и немаат проблем со вишокот килограми. Со други зборови, појадокот го забрзува метаболизмот.
Меѓутоа, и тие се согласуваат дека претерано богатиот појадок може да доведе до дебелеење. Но, нормалното внесување калории и малите оброци повеќепати дневно можат само да им помогнат на дебелите луѓе да ослабат.