Најмалку 80 починати од корона вирусот, а 2.744 заразени

Засега нема смртни случаи надвор од Кина, а вирусот стигна и во Европа, во Франција, каде што се заразени три лица.

107

Најмалку 80 лица починаа од коронавирусот, а само во Кина се заразени 2.744 лица.

Вирусот продолжи да се шири во светот, каде што се регистрирани 50 заразени случаи, од кои петмина во САД.

Околу 60 милиони луѓе се во делумен или целосен карантин, бидејќи кинеските власти во неколку градови забранија влез и излез од градот.

Властите во Кина исто така ги повикаа лицата кои биле во Вухан во последните две недели, градот од каде што почна да се шири вирусот, да се пријават во карантин.

Како што пренесуваат странските агенции, во болниците во Вухан има заразени и меѓу медицинскиот персонал.

Во Вухан пристигна и кинескиот премиер Ли Кечијанг, кој ги посети болниците во градот.

Засега нема смртни случаи надвор од Кина, а вирусот стигна и во Европа, во Франција, каде што се заразени три лица.

Кинеските власти одлучија да ги продолжат новогодишните празници до 2 февруари, за да се спречи дополнително ширење на вирусот, јави државната кинеска телевизија.

Празничните денови требаше да завршат на 30 јануари.

Училиштата кои моментално се на распуст исто така ќе го продолжат одморот, а точниот датум кога ќе почнат со настава дополнително ќе го соопшти Министерството за образование.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...