Најмалку 74 луѓе настрадаа во жестоки песочни бури во Индија

Најмалку 74 луѓе настрадаа и голем број се повредени во жестоки песочни бури, кои ги погодија северните индиски држави Раџастан и Утар Прадеш.

48

Најмалку 74 луѓе настрадаа и голем број се повредени во жестоки песочни бури, кои ги погодија северните индиски држави Раџастан и Утар Прадеш, јави Би-Би-Си.

Бурите предизвикале и прекин на снабдување со електрична енергија, уништувале куќи и сточен фонд.

Голем број луѓе ги загубиле животите откако им се урнале куќите додека спиеле по силни удари од громови.

Би-Би-Си наведува дека песочните бури се многу чести во тој дел од Индија, но необично висока е бројката на жртви.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...