Најмалку 57 мртви во Танзанија во страшна експлозија на цистерна

105

Најмалку 57 лица загинаа, а 65 се повредени при експлозија на цистерна со нафта во Танзанија.

Меѓу повредените, кои се здобија со тешки изгореници, има и лица кои се обидувале да го извлечат горивото од резервоарот по несреќата.

Експлозијата се случи на околу 200 километри западно од главниот град Дар ес Салам.

Инциденти со смртни последици кога луѓе крадат гориво од оштетени цистерни не се ретка појава во Источна Африка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...