Најмалку 500 албански полицајци не сакаат да подлежат на процес на контрола

Најмалку 500 албански полицајци одбиле да подлежат на процесот на контрола која треба да утврди дали се дел од корумпирани структури или не, и ја напуштиле службата.

759

Најмалку 500 албански полицајци одбиле да подлежат на процесот на контрола која треба да утврди дали се дел од корумпирани структури или не, и ја напуштиле службата.

– Недела пред истекот на рокот за предавања на формуларите што ги добија сите полицајци во земјата, самоволно работата ја напуштија 500 полициски службеници. Нашата статистика потврдува дека околу осум илјади или 60 отсто од полициските службеници веќе ги доставиле потребните формулари, објави порталот „Албеу“ повикувајќи се на извори од Министерството за внатрешни работи.

Од таму дообјаснуваат дека во формуларите се бара да се неведе економската состојба на полициските работници од почетокот на нивното ангажирање во МВР.

Министерот за внатрешни работи на Албанија, Фатмир Џафај, изјави дека во полицијата нема место за лица кои се дел од криминалот и се корумпирани.

-Големите риби не може да се фатат ако полицијата не е чиста, посочи Џафај.

Освен полициските службеници процесот „ветинг“ (чистење) ги опфаќа и судиите и обвинителите.

Кон крајот на минатата година американскиот амбасадор во Тирана најави дека ќе има апсење на „големите риби“ во јануари.

Под истрага моментно се поранешниот министер за внтарешни работи Саимир Тахири и ек државниот јавен обвинител Адриатик Лала,неколку пратеници и носители на високи функции на локално ниво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...