Најмалку 30 луѓе загинаа во трикратен самоубиствен напад на Боко харам

48

Најмалку 30 луѓе загинаа, а над 40 се повредени во трикратен самоубиствен напад на екстремистичката група Боко харам во североисточна Нигерија.

Синоќешниот напад бил извршен од тројца бомбаши во градот Кондуга пред еден трговски центар.

За сега знаеме дека 30 лица загинаа, а над 40 се повредени, соопшти службата за итна помош.

Кондуга е редовна мета на бомбашите самоубијци, припадници на Боко харам.

Боко харам, што во превод значи „против западното образование“ се залага за воспоставување шеријат во Нигерија. Во судирите помеѓу приврзаниците на Боко харам и нигериските безбедносни сили во 2009 година настрадаа 27.000 луѓе, додека 1,8 милиони ги напуштија своите домови.

Фото: EPA/DEJI-YAKE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...