Бројот на жртви во пожарите во Калифорнија се зголеми на 25, откако се пронајдени уште 14 тела во градот Парадајс во северниот дел на државата, соопштија локалните власти.
Во овој град има најмногу жртви, вкупно 23, додека уште две лица се пронајдени во близина на Малибу.
Околу 250.000 луѓе се приморани да ги напуштат своите домови за да го избегнат огнот.
Огнот избувна во четвртокот, и е толку голем што пожарникарите не можат да го спречат да го уништи градот Парадајс