При експлозија на нафтовод во централно Мексико загинаа најмалку 21 човек, а 71 се повредени.
Според локалните власти несреќата се случила откако крадци ја пробиле цевката за да украдат гориво.
Пожарот на нафтоводот се уште не е изгаснат.
– Се уште има подрачје до кое не можеме да стигнеме и затоа претпоставуваме дека бројот на настраданите би можел да биде поголем – изјави гувернерот на мексиканската држава Идалго Омар Фајад.
Поради кражба на гориво буџетот на Мексико минатата година беше оштетен за три милијарди долари.