Најмалку 20 мртви кога лимузина налета врз минувачи во државата Њујорк

820

Полицијата во американската држава Њујорк соопшти денеска дека 20 луѓе загинале откако во градот Скохери лимузина удрила во минувачи.

Возилото според локалните власти со голема брзина се спуштило низ едно возвишение и налетелo на минувачи во област од градот што е туристичка атракција.

Инцидентот се случил синоќа во градот Скохери на околу 270 км од Њујорк.

Властите денеска не ги соопштија имињата на загинатите ниту детали за инцидентот.

Истрагата на Националнииот одбор за безбедност во сообраќајот е во тек, а за денеска е планирана прес конференција, јавуваат американски медиуми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...