Најмалку 20 загинаа во стампедо на црковен собир во Танзанија

128

Најмалку 20 лица загинаа во стампедо за време на црковен собир во Танзанија, соопштија денеска властите.

До метежот дојде кога верниците беа повикани да влезат само на еден од влезовите на црквата за да дојдат до „маслото за миропомазание“, се наведува во соопштението на владиниот портпарол.

Стотици верници се собраа на собирот на кој служеше популарниот проповедник Бонифас Мвампос во градот Моши, на северот на таа африканска земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...