Најмалку 20 припадници на авганистанските безбедносни сили убиени се во синоќешниот напад на талибанските милитанти во градот Сајад, северен Авганистан.
Во инциденетот загинале и поголем број талибанци.
Авганистан се почесто е мета на терористички напади од страна на талибанците, но и од Исламска држава, која ги интензивира своите активности откако е поразена во Ирак и во Сирија.