Најмалку 19 лица загинаа во експлозија во сирискиот град Идлиб

Се очекува бројот на загинати да се зголеми, бидејќи десетици се сериозно повредени или заглавени под урнатините.

192

Најмалку 19 лица, меѓу кои и 13 цивили, загинаа вчера вечер во експлозија во северозападниот сириски град Идлиб, информира Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.

Не е јасно дали експлозијата се должи на ракета или автомобил-бомба, додава центарот. Се очекува бројот на загинати да се зголеми, бидејќи десетици се сериозно повредени или заглавени под урнатините.

Идлиб е под контрола на опозицијата. Водечка група во него е Хаит Тахрир аш Шам, исламистичка алијанса на чело со Фронтот Ал Нусра, поранешен огранок на Ал Каеда во Сирија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...