Во борбите за контрола врз либискиот главен град Триполи во изминатиот месец биле убиени најмалку 115 лица, а 383 се ранети, соопшти либиското Министерство за здравство.
Се работи за две вооружени групи, едната локајна на Владата, а другата организирана околу Седмата пешадиска бригада на либиската армија, која властите се обидоа да ја расформираат. Овој обид предизвика бунт, при што бригадата, која дејствува од градовите Тархуна и Мизрата, се обидува да преземе контрола врз главниот град.
На почетокот на септември беше договорен прекин на огнот со посредство на Обединетите нации, но тоа не траеше долго.
Либија е во состојба на граѓанска војна од Арапската пролет и соборувањето на нејзиниот водач Моамер Гадафи од страна на САД, Велика Британија и Франција во 2011 година.
Триполи и западните делови на земјата досега беа во рацете на меѓународно призната Влада, додека истокот го контролираат ривалски единици, но и контролата врз Триполи сега е отворено прашање.
Граѓанската војна придонесе Либија да стане главна транзитна зона за африкански мигранти кон Европската унија