Најмалку шестмина загинати во невреме во Рио

87

Најмалку шест лица загинаа во невреме проследено со силен ветер и пороен дожд, што го зафати вториот по големина бразислки град Рио де Женеиро.

Дождовите предизвикаа поплави и свлечишта, а ветерот што достигнуваше брзина и до 110 километри на час, корнеше дрва и кршеше гранки, кои блокираа повеќе улици, предизвикувајќи застој во сообраќајот.

Најтешко погодени од невремето беа фавелите во Рио де Жанеиро, каде и загинаа жртвите.

Денешното невреме уследи по најтоплиот јануари во Бразил во последниве 97 години, кога температурата во Рио де Женеиро достигна и до 42 Целиусови степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...